ПСЖ на уверлив начин ја отвори новата сезона во Лига 1 и славеше на гостувањето кај Клермон со 0:5, натпревар кој не можеше да биде затворен на поспектакуларен можен начин.
За првпат во професионалната кариера, Лионел Меси постигна гол со „ножички“ и покажа дека е максимално расположен на стартот на втората сезона со ПСЖ, па неговот ремек-дело на големо се врти на сите страни ширум светот.
Магијата на Меси сосема очекувано е најкоментирана тема во Франција, а најдобра илустрација за што точно направи Меси е реакцијата на навивачите на Клермон.
Домашните фанови беа сведоци на историја, па покажаа доблест и извикуваа само едно по бравурата за најавните шпици.
– Месиииии, Месииииии, – грмеше вчера стадионот на Клермон, нешто што беше многу редовна слика на „Камп Ноу“ за време на неговата незаборавна етапа во Барселона.