Ница го декласира Сент Етјен на домашен терен и го торпедира со неверојатни осум гола (8-0) во мрежата. Уште во првото полувреме покажа дека е голгетерски расположен тим и постигна дури шест голови.
Батубинсика си постигна автогол во четвртата минута, а Ндомбеле во седмата зголеми на 2-0. Чо беше стрелец на третиот гол, а до крајот на првиот дел двапати погоди Мукоко и еднаш Гесан.
Во вториот дел Диоп и Росарио ја заокружија голгетерската вечер за Ница и дебаклот на Сент Етјен.