Тој и покрај полната мрежа заврши како најдобар чувар на мрежата по првата рунда од ЛШ со најголем број одбрани. Невистиќ прими девет гола, но имаше десет одбранети удари кои Баварците ги упатија кон неговиот гол. Голманот на „сините“ не може да биде обвинет за некој од примените голови – три дојдоа од пенали, еден беше резултат на маестралниот потег на Рафаел Гереиро, додека другите пет беа резултат на брилијантно одиграни акции.
Невистиќ ја надмина светската голманска елита како Тер Штеген, Тибо Куртоа, Мартинез, Зомер и Маињан, кои имаа по пет или шест одбрани, а најблиску до него беше Доминик Такач, голман на Слован Братислава, кој исто така имаше лоша ноќ. Неговиот тим загуби од Селтик со 5-1, а тој имаше седум одбрани.