Фудбалерите на Мајнц 05 остварија победа на гостувањето кај Аугсбург со 2-3 (1-2), во рамките на четвртото коло од Бундеслигата.

 

 

Со два голови набрзина гостинот дојде до двојна предност. Сиеб стрелаше во 13, а две минути подоцна Буркардт удвои на 0-2. Набрзо Шлотербек успеа да намали и да го врати домаќинот во игра (1-2). До полувремето Амири беше невнимателен и доби два жолти картони, па од 35. минута гостите беа со човек помалку.

И покрај тоа Буркгардт на стартот на продолжението успеа да ја удвои предноста на Мајнц. Одново Аугсбург се врати во игра со голот на Есенде (2-3) во 57. минута. Стрелецот на голот доби и директен црвен картон, па силите се израмнија.

Во долгото судиско продолжение Мајнц го одбрани водството и дојде до прв сезонски триумф.