Екипата на Челзи загуби на домашен терен со 2-4 од Вулверхемптон.

Палмер им донесе предност на „сините“ во 19. минута, но потоа несреќниот дефанзивец на Челзи, Дисаси двапати влијаеше врз ударите на гостите и го матираше својот голман Петровиќ.

Куња во 63. минута погоди и за 3-1, а потоа од пенал беше стрелец и за ново зголемување на водството, по што гигантот од Лондон погоди преку Силва за 2-4. Мудрик нафрли во шеснаесетникот а бразилецот со глава ја затресе мрежата на Вулфс.

Манчестер јунајтед славеше со 3-0 против Вест хем на „Олд Трафорд“ при што два гола постигна Гарначо и еден беше дело на Хојлунд.

Борнмут и Нотингем Форест одиграа 1-1.