Ракометарите на ГОГ го шокираа Алборг со 27-26 во вториот меч од финалната серија и така станаа шампиони на Данска по пауза од цели 15 години, откако претходно се искачија на тронот во 2007 година.
Алборг го доби првото полувреме со 16-13, но ГОГ не се предаде, а во драматична завршница успеа да направи целосен пресврт и да слави со 27-26, иако нивниот ривал имаше напад за реми, но не го искористи.
ГОГ директно избори место во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), додека Алборг мора да се надева на вајлд-карта од ЕХФ.
Во Алборг од следната сезона на ѕвездениот тим ќе му се приклучи и Никлас Ландин.