Македонија го совлада Гибралтар со 4-0 и остана во трката за првото место, но тоа што остави „дамка“ е мизерната посета на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека Грузија на дуелот против Бугарија го наполни целиот стадион, со околу 54.000 гледачи.
Иако сите во Македонија беа во еуфорија по пласманот на Европското првенство (ЕП), како и победата против Италија, сепак на трибините не може да се забележи таа љубов која ја има и на социјалните мрежи.
Сликите од празната Арена потсетуват на најмрачните денови во историјата, кога резултатите беа ужасни, иако сè уште ништо не е изгубено во групата и Македонија има шанси за пласман на првата позиција.