По три последователни порази, репрезентацијата на Швајцарија ја обезбеди првата победа во групата во „А“-сегментот од Лигата на нации. Вечерва на домашен терен, Швајцарците со голот на Сеферовиќ постигнат уште во 1. минута од мечот, и го нанесоа првиот пораз на Португалија.

Во рамките на вториот меч во групата, Шпанија и врати на Чешка за ремито во 1. коло, овој пат славејќи на домашен терен со сигурни 2:0. Головите за Шпанците беа дело на Солер во првото и на Сарабиа во второто полувреме на мечот.