Обамејанг започна со тренинзи со првиот тим на Барселона иако договорот се уште не е финализиран. Тој доаѓа во специфичен момент кога Барселона се трудеше по секоја цена да се ослободи од неколку фудбалери со високи плати меѓу кој и Осман Дембеле.

Тие двајца последен пат заедно играа пред 5 години во Германската Бундес лига и сееја страв и трепет за противничките голмани.

Шансите да заиграат заедно во Барселона се многу мали со оглед на нарушените односи меѓу Барселона и Дембеле. А ние се потсетуваме на времето поминато во Дортмунд и една од нивните убиствени акции.