Се сеќавате ли на февруари 2020 година кога Мартин Брајтвајт пристигна во Барселона, истата зима кога Каталонците одбија да го доведат Ерлинг Холанд како анонимен играч од РБ Салцбург?
Па, Данецот се уште е во Барселона и нема намера да замине. Чави Ернандез не му даде шанса ни да се загрева во некој натпревар , понекогаш седеше на клупата, но тоа е се.
Минатата недела Чави лично му се јави и рече дека не смета на него и дека најдобро решение е да си замине, но Данецот денеска јавно кажа дека не сака. И не само тоа, тој звучеше уверено дека останувањето е единствениот избор, дека нема проблем да не игра, бидејќи семејството и животот во Барселона му се на прво место?!
Убаво е за мене и моето семејство во Барселона, имам уште две години договор и немам намера да си заминам. Позајмица не е опција за мене, затоа што треба да размислувам за семејството. Ако одам во друг клуб, моите деца ќе треба да сменат школо и потоа да се вратат во Барселона и тоа не е опција.Не ми е добра ситуацијата, но не се жалам.Не ми е прв пат да немам минутажа, но јас ќе се трудам, ќе работам напорно и ќе си ја чекам шансата . Повреден бев, клубот донесе засилување, но јас немам проблем со тоа, сакам да се наметнам пред почетокот на новата сезона “, рече Брајтвајт.
Очекувано, поради ова интервју тој стана омразена личност меѓу навивачите, бидејќи Барса на секој начин се обидува да го реши од „отпадокот“ и да се засили за следната сезона. Тоа не е грижа на Брајтвајт, сето тоа го направи Хосеп Марија Бартомеу. Исто како Ленгле, Умтити, Пјаниќ и баснословните договори поради кои секој од нив нема ништо против да седи на трибините .