Хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ уште еднаш покажа во што е најдобар.
Неуморното трчање и покривање на сите делови од теренот не изостана ниту на осминафиналето против Јапонија.
Тој истрча дури 16,7 километри за 120 минути, соборувајќи го рекордот на светските првенства.
За приказната да биде поинтересна, Брозовиќ беше тој што го држеше претходниот рекорд со 16,3 истрчани километри на мечот со Англија пред четири години во Русија.
Инаку, Брозовиќ беше еден од стрелците и во пенал рулетот, кој им припадна на Хрватите со резултат 3:1, откако мечот по продолженијата заврши нерешено – 1:1.
https://twitter.com/StatmanDave/status/1599835552538411019?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1599835552538411019%7Ctwgr%5E3cc6840561b0cafbf555a1c631b3d6f6a1a5b676%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fqatar2022%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D12dd%3D06nav_id%3D2254735