Илија Столица ќе биде нов тренер на фудбалскиот клуб Партизан .
По долгo одолговлекувањње на челните луѓе на Партизан, одлуката падна на поранешниот селектор на младата српска репрезентација, кој досега беше без ангажман.
Промоцијата е закажана за четврток на стадионот на Партизан од 15 часот , потврдија од клубот.
Столица за еден месец полни 44 години и уште може да се каже дека е млад тренер.
Досега беше асистент во Партизан, потоа беше на чело на Вождовац и Војводина, како и на Олимпија од Љубљана каде во 2018 година остана само четири месеци.
Во меѓувреме ги предводеше селекциите до 17 и до 21 година со кои не успеа да се пласира на ЕП, што беше оценето како неуспешно и доби отказ.
Своевремено Марко Николиќ го предложи за негов наследник во Партизан, но управата тогаш реши да му укаже доверба на Мирослав Ѓукиќ.
Тој сеуште го чека својот исчекор како тренер, за да ја оправда довербата што му ја укажа колегата Николиќ.
Столица играше како фудбалер во Партизан во сезоната 2000/2001. а одигра само четири натпревари во црно-белиот дрес.
Поголемиот дел од времето го помина во Земун, каде забележа 48 настапи, а во белгиски Сент Труден и Монс одигра 44, односно 42 натпревари.
Партизан бара тренер од 26 мај и отказот кој го даде Александар Станојевиќ, а дури од 10 имиња беа одбиени или од различни причини не дојдоа на клупата.
Станува збор за Саша Илиќ, Младен Крстајиќ, Марко Николиќ, Мирослав Ѓукиќ, Владимир Ивиќ, Александар Вуковиќ, Дарко Миланиќ, Вељко Пауновиќ, Славиша Јокановиќ и Саво Милошевиќ.
На црно-белите им беа понудени Марко Симоне и Луис Фернандез, се зборуваше и за славниот Андреа Пирло, но на крајот црно-белите се свртеа кон домашното решение.