Голема трагедија се случи во Бразил откако три талентирани фудбалери од младинската школа на клубот Еспорте клуб Вила Марија Хелена и еден тренер загинале, а 29 други се повредени откако автобус со кој се возеле излетал од мост и се превртел во реката.
Според бразилски „О’Глобо“ во автобусот имало 28 фудбалери од младинско-пионерската школа на клубот на возраст од 14 до 17 години, четворица тренери и возачот на автобусот. Првичните информации од полицијата се дека возачот изгубил контрола над автобусот и излетал од мостот, па паднал во реката.
На лице место починале четворица патници од кои три деца, а 29-те други се префрлени во болница, на клиниката Сао Салвадор, двајца се во многу критична состојба. Поголемиот дел веќе почнале да ги пуштаат на домашно лекување, зашто немале потешки повреди. Останатите пет од автобусот биле префрлени во друга клиника Каса де Каридаде.