Неверојатната прва сезона на Норвежанецот Ерлинг Халанд на Островот му донесе ново признание. Напаѓачот на Манчестер Сити е прогласен за „Фудбалер на годината“ од Здружението на фудбалски новинари во Англија.
Норвешкиот голгетер досега има постигнато 51 гол на 47 натпревари за „граѓаните“ во сите натпреварувања.
За него гласале дури 82 отсто, што е нов рекорд во изборот на здружението во ерата на Премиер – лигата. Во гласањето учествуваа 400 новинари од Англија.
Втор е Букајо Сака од Арсенал, а трет неговиот соиграч Мартин Одегард. Следат Кевин де Бруин (Манчестер Сити) и Маркус Рашфорд (Манчер Јунајтед).