Македонскиот интернационалец, Илија Несторовски и во новата сезона ќе го гледаме во дресот на италијанскиот прволигаш Удинезе со кого денеска оствари убедлива победа во пријателскиот дуел против Лиенц од Австрија.

Калчолигашот издвојува триумф од 11-0, а истиот го најави токму Иле кој беше активен во првиот дел. Несторовски погоди во 10 минута со што го оствари резултатот кој на полувреме гласеше 6-0 за да во продолжението предноста дополнително да се зголеми.

Следниот тест за Иле и компанија е многу потежок, средба со Унион Берлин која е закажана за 16 јули.