Португалскиот тинејџер Фабио Карваљо од 1.јули и официјално е нов фудбалер на Ливерпул, а клубот денеска го промовираше за јавноста.
Младиот 19-годишен Португалец доаѓа од редовите на Фулам. Тој лани во Чемпионшип дивизијата беше еден од клучните играчи во кам-бекот на лондонскиот тим во Премиерлигата. Постигна 10 голови и имаше девет асистенции за шампионите во втората по ранг англиска лига.
Карваљо е третото летно засилување за тимот на Јирген Клоп по Дарвин Нуњез и Калвин Ремзи.