Фудбалскиот генијалец Лео Меси го оствари сонот и со Аргентина триумфира во финалето на СП, и изјави дека би било убаво доколку Диего Марадона беше жив и да му го предаде трофејот во Катар.
Лео Меси за прв пат проговори по големиот успех во Катар каде ја предводеше Аргентина до триумф на Светското првенство.
„На 18. декември, сѐ се промени за мене. Она што сонував и го посакував во текот на целата кариера, конечно се оствари. Конечно можам да кажам дека сум светски шампион. Трофејот од Светското првенство ми шепна, „Дојди и грабни ме, сега можеш да ме допреш““, вели Лео Меси, кој додава дека целиот настан ќе бил многу поспецијален доколку Диего Марадона бил жив.
„Ах, само да можеше Марадона да ми го предаде трофејот од Светското првенство, каква фотографија ќе беше тоа. Или барем да можеше да го проследи успехот, знам колку го сакаше националниот тим, и колку сакаше ова да се случи“.