Во рамките на Б-групата, Србија пропушти голема шанса за победа и нови три бода на гости. Словенците ремизираа против Србија, 2-2.  губеа со 0-2, но во второто полувреме успеја да возвратат и стигнаа до реми. Андрија Живковиќ и Александар Митровиќ обезбедија два гола предност за селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси, но Словенците израмнија со головите на Адам Гнезда и на Бењамин Шешко во второто полувреме.

Грција го победи Косово со 2-0 во Лигата Ц, а Малта беше поуспешна од Сан Марино со 1-0 во Лигата Д.