Италијанскиот првак Интер тргна во акција за доведување на Пол Дибала, открива „Газета дело спорт“. Директорот на Интер, Бепе Марота телефонски разговарал со агентот на Дибала и започнал преговори за доаѓањето на Аргентинецот во Милано.
Дибала, 28-годишниот напаѓач кој одигра 274 натпревари за Јувентус од доаѓањето во 2015 година, не се договорил со раководството на клубот од Торино за нов договор и може да си замине без обештетување на крајот на сезоната. Тој веќе може да преговара со заинтересираните клубови и да потпише преддоговор.
Интер, кој е во финансиски проблеми, ќе најде пари за Дибала со заминувањето на Артуро Видал, Матијас Весино и на Кристијан Ериксен.
Дибала би заработувал 7,5 милиони евра по сезона во Интер, плус дополнителни бонуси. Би потпишал петгодишен договор и би добил дополнителни неколку милиони само за потпишување на договорот.