Актуелниот шампион на Италија, Наполи продолжува да тоне, со убедливи 3-0 беше поразен на гостувањето кај Торино, Лацио со 2-1 беше поуспешен од Удинезе на негов терен.
После поразот од Рома и ремито со Монца, Наполи денеска загуби од Торино и тоа убедливо и ја продолжи кризата.
Торино поведе во финишот од првото полувреме со гол на Санабрија.
Ситуацијата за Наполи стана уште полоша по пет минути игра во вториот дел кога Мацоки заработи црвен картон и го остави својот тим со фудбалер помалку.
Две минути подоцна тоа го искористи Торино и со гол на Влашиќ зголеми на 2-0, а во 66. минута Бонџорно ги постави конечните 3-0.
Лацио со 2-1 го победи Удинезе на негов терен и освои три важни бодови.
Пелегрини беше стрелец во 12. минута за водство на римскиот клуб од 1-0. Со тој резултат се замина на одморот.
Во 59. минута Валас изедначи на 1-1, но Весино во 76. минута ја врати предноста на Лацио, овојпат од 2-1 што беше и конечен резултат.