Македонската репрезентација вечерва од 20:45 часот против Лихтенштајн во Вадуз го игра натпреварот од 7. коло од квалификациите за СП 2022.
На официјалната прес-конференција своите очекувања ги искажа еден од најстандардните во репрезентативниот дрес Стефан Спировски
„Фаворитската улога е на наша страна, не бегаме од неа. Наше е да дадеме максимум на теренот. Ако го исполниме тоа, сметам дека нема од што да се плашиме.Во модерниот фудбал сметам дека не постојат апсолутни фаворити. Мора да ја одиграме нашата игра, а ако тоа го исполниме ќе победиме на овој дуел.
„Во септемвриските дуели ни недостигаше малку среќа, направивме доволно шанси за голови, ама факторот на среќа не нè посака. На тие три дуели можевме да освоиме сигурно четири бода повеќе“.