Вучиќ во изјава за српските медиуми кажа дека државата Србија нема никого да толерира ако не плаќа данок, а нема да им прости ниту на вечните ривали од Белград.
„Големи долгови имаат Партизан и Црвена Звезда. Верувам дека ќе можат со подготвен план за реорганизација да си ги платат своите обврски кон државата. А ако не го направат тоа, тогаш ќе им следи блокада, а потоа ќе завршат во стечај“, кажа Вучиќ.