После напредокот за пет позииции до 62-то место на кое Македонија се најде откако направи чудо во Палермо против Италија (1-0) и дојде на чекор до пласман на СП во Катар (пораз од Португалија во финалето од баражот со 0-2), црвено-жолтите сега очекувано ќе назадуваат зашто загубија бодови во пресметките со Бугарија и Грузија.
Македонија во новата сезона во Лигата на нациите тргна како фаворит според рејтингот на ФИФА и беше најдобро пласирана од трите ривали што ги имаме во групата. Македонија загуби 5,87 бодови и сега со 1.375 рејтинг-поени ќе биде зад Јамајка и Исланд, а пред Словенија, Албанија и Црна Гора.
Од ривалите, Бугарија и покрај дебаклите ќе падне само едно место на 74-та позиција, Грузија ќе напредува за три места после одличните 10 бода и прво место во групата до 82-та позциција, а и Гибралтар ќе скокне за две позиции ќе се искачи на 201-то место од 201 членки на УЕФА.
Дали пресметките ќе се остварат или ќе има дополнителни помесувања, ФИФА ќе потврди на 23 јуни за кога е закажано објавувањето на најновото јунско рангирање.