Творец на триумфот беше Анхел Ди Марија, кој го отвори резултатот уште во деветтата минута со фантастичен шут од дваесетина метри. Гостите преку Бреретон изедначија во 24. минута, но десетина минути подоцна на сцена стапи напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој го постигна победничкиот погодок.
Вториот непоразен тим и лидер на табелата, селекцијата на Бразил, ремизираше на гости кај Еквадор (1-1) во жесток меч со два црвени картони, додека Уругвај, со голот на Луис Суарез, минимално, но заслужено триумфираше на гости кај Парагвај (1-0). Пласман на СП 2022 директно обезбедуваат првите четири репрезентации, додека петтата ќе игра дополнителен бараж.
ТАБЕЛА: Бразил 34 (-1), Аргентина 32 (-1), Еквадор 24, Уругвај 19, Колумбија 17 (-1), Перу 17 (-1), Чиле 16, Боливија 15 (-1), Парагвај 13, Венецуела 7 (-1)