Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше да поаѓа од Мелбурн за Дубаи во 12:30 часот и полета со мало задоцнување. Српскиот тенисер по 11 дена правна борба ја напушти Австралија. Половина час пред летот на социјалните мрежи се појавија првите фотографии од Ѓоковиќ по судската одлука за депортација.
Снимен е на аеродромот во Мелбурн во друштво на Горан Иванишевиќ и други луѓе кои се грижат за неговата кариера. Ѓоковиќ од Австралија ќе лета за Дубаи, каде потоа ќе се префрли во Белград. Потребни се околу 13 часа за да се лета до Дубаи ако линијата е директна, и треба да се претпостави дека е. Потоа ќе има уште 5-6 часа лет од Дубаи до Белград, па утре претпладне го очекуваат во Србија.