Американските медиуми јавуваат дека Центарот за контрола и превенција на болести го ажурирал списокот со барања за патници кои доаѓаат во САД од странство и дека доказот за вакцинација против корона вирусот сè уште е еден од потребните документи. Тоа практично значи дека најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи на претстојниот УС Опен.
Многумина шпекулираа дали американските власти ќе се откажат од барањето доказ за вакцинација од секое лице што влегува во земјата, но тоа не беше случај.
УС Опен не бара играчите да се вакцинираат, па доаѓаме до апсурдни ситуации, според кои на невакцинираните американски тенисери ќе им биде дозволен пристап до терените во Флешинг Медоус, а Ѓоковиќ и покрај негативните тестови не може да влезе во САД.
Единствениот дел од вестите за актуелните мерки кои би можеле да бидат во корист на Ѓоковиќ е онаа во која се наведува „дека се можни одредени исклучоци“.
Ждрепката за УС Опен е во четврток во 18:00 часот по средноевропско време.