Благоја Милевски, селекторот на македонскиот национален тим, на прес-конференцијата по дуелот со Ерменија, ја истакна играта на репрезентацијата на Македонија.
„Честитки до селекцијата на Ерменија за одиграниот натпревар, посебни честитки до моите играчи, покажаа како треба да се однесуваат во националниот тим, првото полувреме треба да ни биде пример како треба да изгледаме во иднина. Во вториот дел ни фалеше тој завршен пас. Не се согласувам со вас дека згрешивме било каде, особено не со формацијата“, рече Милевски.
Милевски истакна дека натпреварувачката форма на играчите е проблем во моментов.
„Напреварувачката форма на голем дел на играчите не е на нивото, и ќе видиме за следните натпревари во каква состојба се играчите и ќе одлучиме кој ќе игра на следните мечеви. Не беше лесно да се пробие еден таков цврст и организиран противник, но ќе повторам, имавме одредени проблеми во транзиција, но поголемиот дел од мечот сум задоволен како изгледавме на денешниот меч.“, изјави Милевски.