Целиот натпревар ја држевме топката во свои нозе, со вкупен посед од 66%, но тоа не донесе опасност кон голот на Ерменците. Иако беше видливо од самиот старт дека Ерменија е сосема задоволна и со бод, требаше да го искористиме домашниот терен и да направиме повеќе стопроцентни шанси за гол.
Вака повеќето од акциите завршуваа со грешки и вистинска среќа е што Ерменците не успeаја да организираат посериозен контра напад и да го стават на вистински испит голманот Димитриевски.
Интересно е што Милевски постави игра со еден класичен центарфор како што е Јаховиќ кој добро се гради и постигнува голови со глава, а Алиоски, Ристовски и Барди буквално не погодија ниту еден центашут.
Во сите тие безидејни напади вредно е да се споменат двата шута на Алиоски во 62-та минута кога Давид Јурченко одбрани, и во самиот финиш кога топката несреќно го погоди Ашковски.
Ерменија по трите победи со ова реми сега има 10 бода и останува лидер, додека Македонија сега има седум и паѓа едно место подолу под Гермација а следен меч во овој септемвриски циклус е гостувањето кај Исланд во недела од 18 часот.