Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала е незадоволен и бара излез од Јувентус, а Ливерпул му ја нуди таа опција. Според информациите од Островот, тој има проблеми во преговорите за продолжување на договорот со италијанскиот клуб со кој е врзан само до крајот на сезоната.
Интер веќе тргна во преговори со неговите агенти, но сега и Јирген Клоп бара од раководството на Ливерпул да се вклучи во трката за одличниот аргентински офанзивец.