ПСЖ славеше со 5-2 против Монпелје во рамки на 2.коло во Лига 1. Ова е втор натпревар како „светците“ постигнуваат пет голови, бидејќи и во сезонската премиера славеа со 0-5 кај Клермон.

Натпреварот почна со нереализиран пенал на Килијан Мбапе, па потоа гостите си постигнаа автогол за 1-0. Нејмар потоа погоди од белата точка за 2-0, а Бразилецот реализираше од игра на стартот на второто полувреме. Казри намали на 3-1, а Мбапе реализираше за 4-1. Петтиот гол за парижаните беше дело на новото засилување Ренато Санчез, а конечните 5-2 ги постави Чато во судиското продолжение.