Нашиот голман блескаше на „Камп Ноу“ и со неколку фантастични паради го спаси својот гол. Димитриевски трет натпревар по ред не може да прими гол во меѓусебните дуели со гигантот.
Барселона доминираше во текот на целиот натпревар имаше и многу шанси. Оние удари во рамките на голот Димитриевски ги одбрани, а останатите завршија крај неговиот гол.
За Каталонците на овој натпревар настапија сите нови засилувања како Роберт Левандовски, Андреас Кристенсен и Рафиња, а во второто полувреме влезе и Франк Кеси. Жил Кунде не беше во протоколот поради тоа што не беше регистриран за овој дуел.