Манчестер Јунајтед доживеа шокантен пораз од Брентфорд. Тимот на Ерик тен Хаг доби неверојатна лекција и загуби со 4-0 на првото гостување во новата сезона. Кошмарот на новиот менаџер на „ѓаволите“ и неговите фудбалери продолжува.

За едно полувреме, Брентфорд до врв ја наполни мрежата на Јунајтед, а кумуваше и Давид де Хеа.

Дасилва во десеттата минута го отвори резултатот, а потоа стрелаа и Јенсен, Мее и Мбеумо.