Репрезентациите на Словачка и Романија одиграа нерешено (1-1), додека Украина реми против Белгија без голови (0-0) во третото коло од групната фаза на ЕП.

Дуда во 24. минута донесе водство за Словачка, меѓутоа радоста траеше кратко затоа што Марин од пенал израмни на 1-1, по што резултатот не се менуваше до крајот на натпреварот.

 

За Ондреј Дуда ове е 75 меч во дресот на Словачка, за која досега има 14 гола.

Украина и Белгија одиграа добар меч со многу шанси на двете страни, а повеќе се закануваа Украинците, меѓутоа мрежите мируваа (0-0).

Пласман во осминафинале од групата Е обезбедија Романија, Белгија и Словачка, додека Украина остана на четвртото место и си оди дома.

Интересно е тоа што во осминафинале ќе се соочат Белгија и Франција, додека Словачка ќе игра против Англија.