Пауло Дибала веќе нема нерви да чека Јувентус да му ја зголеми понудата, па на лето ќе го напушти Торино, откриваат италијанските медиуми. Аргентинецот бара 10 милиони евра годишно, „старата дама“ нуди 7,5 милиони по сезона, а тоа е разлика која најверојатно ќе доведе до разделба.
Интер го чека со раширени раце, но Дибала реши поради добрите односи со навивачите на „бјанконерите“ да не се пресели во градот на модата. Ова откако како опција се појави Манчестер Сити, а тој со задоволство би дошол во клубот предводен од Пеп Гвардиола.
Парите не се проблем за „граѓаните“, па целата ситуација е во корист на Дибала.Јувентус наводно веќе подготвил замена, и тоа Николо Заниоло, офанзивецот на Рома.