Со поразот од Португалија во осминафиналето на Светското првенство во Катар (6:1), репрезентацијата на Швајцарија ги испиша страниците на историјата и постави негативен рекорд.
Имено, вечерашната елиминација во нокаут фазата беше седма во низа на Мундијалите во историјата на оваа репрезентација.
Оваа серија датира од 1938 година и Светското првенство во Франција. Швајцарија потоа беше поразена од унгарската репрезентација во четвртфиналниот натпревар со резултат 2:0.
Еве ги сите резултати на Швајцарија на последните седум натпревари во нокаут фазата.
1938 Четвртфинале – 0:2 Унгарија
1954 Четвртфинале – 5-7 Австрија
1994 Осминафинале – 0-3 Шпанија
Осминафинале 2006 – Украина 0-0 (0-3 на пенали)
Осминафинале 2014 – 0-1 Аргентина
Осминафинале 2018 – 0-1 Шведска
Осминафинале 2022 – 1-6 Португалија
Рекордот за најмногу елиминации во нокаут фазата на Светското првенство во моментов го држи Мексико со 8 порази, што значи дека Швајцарија е многу блиску до израмнување на овој неславен рекорд.