Енис Барди дебитираше во неговиот нов тим Трабзонспор и тоа со пораз на гостувањето во Копенхаген. Барди влезе во игра во 58. минута кога Данците имаа водство од 2:0, по што со еден малку и среќен гол Турците преку Бакасетас успеаја да намалат на 2:1 и да се надеваат дека со триумф на домашен терен ќе успеат да се пробијат до групната фаза во ЛШ.
Глазгов Ренџерс и ПСВ одиграа 2:2. Гостите први поведоа, па Шкотите направија пресврт, за сепак, во 78. минута со голот на Обиспо, ПСВ да се избори за реми и одлична стартна позиција пред реваншот кој следната недела ќе го одиграат на домашен терен.