Репрезентацијата на Србија значително ќе биде ослабена во претстојниот прозорец на ФИФА затоа што на двете пријателски средби кои следат нема да може да смета на главниот играч Душан Влаховиќ.
Фудбалерот на Јувентус нема да игра поради заздравување од повреда на препоните. Така, тој нема да му биде на располагање на селекторот на „орлите“ за контролните натпревари против репрезентациите на Унгарија и Данска кои на програмата се на 24. и 29. март.
За контролните натпревари Србија ќе смета на двајца напаѓачи. Тоа се Александар Митровиќ и Лука Јовиќ.