Најтрофејниот македонски ракометен колектив Вардар 1961 работи на ростерот за следната сезона и обновува договори со актуелните првотимци, а еден од оние кои парафира нова соработка е хрватскиот бек Анте Гаџа.
29-годишниот ракометар пристигна од Загреб и стана важен дел од екипата. Оваа сезона тој го понесе товарот на позицијата среден бек на повеќето од натпревари поради дефицитот, па доби награда за добрите игри.
Гаџа и Вардар 1961 се договорија за продолжување на соработката. Хрватот ќе остане меѓу „црвено-црните“ и следната година. Задржувањето на Гаџа во екипата на вардарци нема да биде единствена новина, затоа што се подготвуваат договори и за останати ракометари.
Вардар 1961 оваа сезона цели на двојната круна на домашната сцена, а во моментов тимот се наоѓа во осминафиналето на Лигата на шампионите каде чека двомеч со унгарски Веспрем.