Италијанецот заврши на второто место на етапата и откако ја минал целта брзо побарал лекарска помош, откако му се слошило, па брзата помош интервенирала и му го масирала срцето, пред да го пренесе на клиника.
„Сони е свесен, разговара, но ќе има дополнителни прегледи. Добро е, може и да се движи. Падна во несвест на крајот од етапата, пружена му е дополнителна медицинска нега, но тој беше во стабилна состојба кога го префрлија во болница во Жирона. Тимот Бахреин Викториус сака да им се заблагодари на сите, пред сѐ на лекарските екипи за укажаната помош“, објавил тим-менаџерот на екипата.
Колбрели неодамна имаше здравствени проблеми откако се разболе од бронхитис.