Унгарија е нов светски шампион во ватерполо откако во финалето во Фукуока Јапонија успеа да слави драматична победа над Грција.
Многу возбудувања донесе завршниот дуел на турнирот, Унгарците имаа свои блескави моменти, Грците одговараа, па на крајот регуларниот дел заврши со резултат 10-10.
Пеналите го решаваа победникот, а селекцијата на Унгарија за нијанса беше подобра и со 4-3 дојде до златото на Мундијалот.
За нив ова беше прв ваков успех по пауза од десет години, претходно беа најдобри на светот уште во 2003 и 1973 година.
https://twitter.com/GracenoteGold/status/1685233953886666752?s=20
Во битката за бронзата Шпанија ја совлада Србија со 9-6.