Фантастичен настап имаше нашиот атлетичар Дарио Ивановски на Балканскиот шампионат во Крајова. Македонецот на 5.000 метри истрча во време од 13.56.59 што е нов национален рекорд на нашата земја, сосема доволно за второ место и сребро во многу силна конкуренција.
Ова е историски резултат, ова е прва трка на некој наш атлетичар на 5.000 метруи истрчана под 14 минути.
Инаку ова сребро за Ивановски е вкупно деветти медал за него на балканските првенства.