Новак Ѓоковиќ официјално објави дека нема да настапи на претстојниот УС Опен. Како невакциниран странец, српскиот ас не може да влезе во Соединетите Американски Држави (САД), а тамошната тениска асоцијација (USTA) не побара од американската влада изземање за еден од најдобрите во историјата.
„За жал, нема да се натпреварувам оваа година во Њујорк. На сите играчи им посакувам добар турнир. Благодарност до моите обожаватели за сета љубов, поддршка и охрабрување. Продолжувам да ја одржувам формата и оптимизмот и се радувам на новите натпреварувања. Се гледаме наскоро!“, напиша Ѓоковиќ на Твитер.
Последниот Грен слем турнир годинава започнува на 29 август. Новак славеше во Њујорк во 2011, 2015 и 2018 година.