Јонел е безмалку 180 позиции подобро пласиран од нашиот Ивановски, но Ивановски одигра одлично за своја прва победа во кариерата на главен турнир на еден Челинџер.
Македонскиот тенисер во првиот сет во шестиот гем го загуби сервисот, но се врати во деветиот, ама веднаш потоа повторно доживеа брејк за Јонел да поведе. Во вториот откако го загуби сервисот во осмиот гем, успеа да се извади да не го загуби мечот со рибрејк. Спаси две меч топки во десеттиот гем, за на крај во тајбрејкот да победи со 7-4 и да израмни.
Последниот сет, Ивановски го доби убедливо со 6-2, а во првите четири гема и двајцата тенисери не успеваа да го добијат гемот на свој сервис, имаше четири брејка, за во шестиот македонскиот тенисер да направи трет брејк и потоа во осмиот со четврти да ја завери победата.
Следен противник во осминафиналето ќе му биде повторно романски тенисер, Филип Кристијан Јиану, кој е 312-то пласиран на АТП.