Барселона и Реал Мадрид одиграа многу возбудлив натпревар на турнејата по САД. Ел Класикото Каталонците го добија со 3-0, кралскиот клуб имаше многу шанси, но најчесто тие завршуваа во конструкцијата од голот на Тер Штеген.

Барселона поведе во 15. минута по една интелигентна акција од слободен удар на Дембеле и Педри која со гол ја заврши францускиот напаѓач. Пет минути подоцна Реал од пенал можеше да изедначи, но Винисиус ја погоди пречката од голот на Тер Штеген.

На вториот гол се чекаше до 85. минута кога младиот Фермин Лопез со фантастичен шут од далечина го зголеми водството на Барса. Конечните 3-0 ги постави Феран Торес со гол во судиското продолжение за убедлив триумф на каталонците.

 

 

Дури петпати „кралевите“ ја погодија гредата, а Барселона тоа го искористи за убедлив триумф.