На поранешниот германски тениски шампион Борис Бекер му се суди во Лондон за наводно прикривање имот од стечајните управници, како и финансиски информации.
Обвинителите рекоа дека Бекер „постапил неправедно“ кога го сокрил или не го предал својот имот пред и откако прогласил банкрот во јуни 2017 година. Нему му се суди по 24 точки според Законот за несолвентност.
Обвинителката Ребека Чакли рече дека имотот вклучува трофеи како што се титулата на Вимблдон во 1988 и 1989 година во сингл, трофејот од Австралија опен во 1991 и 1996 година и неговите златни медали на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.
Бекер е обвинет дека прикрил 1,12 милиони евра од продажбата на салонот за автомобили Мерцедес што го имал во Германија. Тој, исто така, наводно не пријавил два имоти во Германија и банкарски заем од 825.000 евра.
Бекер, кој плати кауција, денеска ги отфрли сите обвиненија.
Поранешниот светски рекет број еден и шесткратен Грен слем шампион освои 49 титули во сингл во 77 финалиња, кои ги играше во својата 16-годишна кариера.