Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, успешно стартуваше на овогодинешниот УС Опен.

Српскиот ас го совлада Данецот Холгер Руне со 3: 1, во сетови 6: 1, 6: 7, 6: 2, 6: 1.

Мечот се одигра на стадионот „Артур Еш“ и траеше два часа и 15 минути.

Последниот грен слем сезонава е можност за Новак Ѓоковиќ да постигне два историски резултати, и затоа очите на светот се вперени во него.

Со триумфот во Њујорк, Новак би стигнал до 21. грен слем титула во својата кариера, што досега не успеал ниту еден тенисер, а во исто време би ги освоил сите 4 глен слем титули од сезоната, нешто што не му услеало на никој од 1969 година.

Новак Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против Холанѓанецот Талон Грикспор, кој со 3: 2 го совлада фаворитот на Германецот Јан-Леонард Штруф.

https://twitter.com/usopen/status/1432879560857505797?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1432879560857505797%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fsport%2Ftenis%2F3758385%2Fnovak-djokovic-us-open-njujork-grend-slem-tenis-sport