Вчера на првиот натпревар од Европското првенство во одбојка, Македонија беше поразена од Финска со 3:1 во сетови исто како и пред две години на ЕП во Словенија.
По поразот со жалење зборуваше капитенот Никола Ѓорѓиев.
„За жал изгубивме од Финска. Според мене се случи истото како и пред две години, изгоревме во желбата за победа. Се уште сум убеден дека сме подобра репрезентација од нив, но не го покажавме тоа на теренот. Жал ни е, денес после непроспиената ноќ го анализиравме натпреварот и гледавме каде грешевме“.
„Не чекаат уште четири натпревари. Традицијата ни покажува дека секој следен меч го играме подобро, па се надеваме така ќе биде и сега. Борбата за осминафиналето секако уште не е завршена“, изјави Ѓорѓиев.