Македонската одбојкарска репрезентација го запиша и вториот пораз по ред од Албанија, вечерва во Тирана со 3-1 идентично како и во Скопје пред неколку денови.

Првиот сет го загубивме со 25-20, но израмнивме во вториот со 20-25. Во продолжението бевме тотално немоќни и загубивме со 25-16 и 25-22. Ова е вкупно трет пораз за нашиот тим во Европската сребрена лига, бидејќи во пет сета во 2.коло бевме поразени од Романија на гостински терен.

Сега шансите за освојување на едно од првите две места е невозможна мисија, што значи дека би го пропуштиле и завршниот турнир во Будимпешта. Македонија во натпреварувањето влезе со амбиции да дојде и до златниот медал.

ТАБЕЛА ГРУПА Б
1. Романија 11
2. Албанија 7
3. Македонија 4
4. БиХ 2