Македонската млада репрезентација до 21. година денеска со почеток од 18:30 часот во Ле Ман, го игра квалификацискиот дуел против домаќинот Франција.
Ова е деби натпревар за новиот селектор Кантларовски кој ја наследи оваа функција од сегашниот селектор на сениорите Благоја Милевски. Канатларовски се одлучо за првите 11 што ќе настапат на овој меч.
На голот ќе брани Денковски, а во последната линија ќе играат Георгије Јанкулов како лев бек, десен бек ќе игра Филип Антовски, а стоперскиот тандем го сочинуваат Метју Божиновски и Ѓурковски додека позицијата
Во средниот ред се наоѓаат Енис Фазлагиќ, Агон Елези, Томче Грозданоски, додека офанзивната линија ќе биде триото Арби Воша, Стефан Чолаковски и Марио Илиевски.