Фудбалскиот клуб Реал Мадрид наводно е заинтересиран да доведе млад играч на Црвена Звезда, Стефан Лековиќ.
Според „Спортски журнал“, шпанскиот тим ќе испрати официјална понуда кога стоперот ќе наполни полнолетство, а тоа ќе се случи на 9 јануари следната година.
Лековиќ ги предводи младите на црвено -белите во Лигата на шампионите каде следен ривал ќе биде ирскиот Сент Патрик.
Стефан неодамна тренираше со сениорската екипа на Звезда, а одигра и пријателски натпревар против ОФК Белград.
Лековиќ има професионален договор со Звезда, а како што се наведува засега челниците на клубот немаат намера да го продадат.